ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Од:

33-годишниот Жорлан Алвес да Силва, осомничен за серија убиства во Бразил, бил уапсен додека се обидувал да избега од полицијата облечен во женска облека.

Полицијата го уапсила на 13 септември во општината Мулунгу, во сојузната држава Параиба, на североистокот на Бразил, по 48-часовна операција.

Снимките од апсењето покажуваат како полицајците му ја симнуваат црната перика, под која се гледа неговата кратка коса. Силва носел фустан на пруги, женски сандали, темни очила и имал лакирани нокти. Со себе носел и двегодишно дете, а полицијата истражува како детето се нашло со него.

Според полицијата, Силва е осомничен дека во изминатите три месеци убил најмалку 15 лица за организирани криминални групи. За време на испрашувањето, тој наводно признал дека во текот на животот убил околу 80 луѓе.

Сепак, неговото признание за 80 убиства сè уште се истражува, а бројот на жртвите не е потврден.

Силва бил уапсен откако полицијата претходно запрела возило во кое се наоѓале тој и други осомничени соучесници. Едно лице било уапсено, но Силва успеал да избега. По потрагата, полицијата го пронашла и уапсила.

Детективот Даглас Гарсија од цивилната полиција изјавил дека Силва признал оти првото убиство го извршил на 13-годишна возраст. Според него, осомничениот во текот на животот поминал пет до шест години во затвор за различни кривични дела, а бил ослободен кон крајот на мај годинава.

Еден од случаите што се истражуваат е двојното убиство на двајца бизнисмени на 1 август во Рио Тинто. Гарсија рекол дека Силва точно им покажал на властите каде било закопано едно од телата.

Доколку се потврдат неговите тврдења за 80 убиства, Силва би бил еден од најозлогласените сериски убијци во историјата на Бразил. Пред него, Педро Родригес Фиљо, познат како „Бразилскиот Декстер“, бил осуден за 71 убиство, а самиот тврдел дека убил повеќе од 100 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Болсонаро избега во Мајами па се прогласи за „лидер на Бразил“

Ројтерс: Флавио Болсонаро замина од Бразил и се упатил кон САД

Горан Наумовски

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајче Бојковски

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро