(ВИДЕО) Голема несреќа во близина на Барселона: Најмалку 83 повредени, седуммина се тешко повредени

Од:

Бројот на повредени во судирот меѓу патнички автомобил и автобус во Шпанија се зголеми на 83, од кои седуммина се во тешка состојба, јави шпанскиот јавен сервис РТВЕ. Повредените во тешка состојба итно се пренесени во болница. Во спасувачката операција учествуваа и противпожарните служби, кои испратија 30 екипи, меѓу кои и две специјализирани за спасување во планински предели.

Несреќата се случи кога автобус и патнички автомобил се судрија, по што возилата се превртеа и паднаа по насип висок околу 20 метри. Инцидентот се случи на пат што минува низ населбата Фогарс де Монтклус, во регионот на Барселона. Дел од патниците успеаа самостојно да излезат од возилата и да се искачат по насипот до патот. Други, пак, останаа заробени и мораа да бидат извлечени со помош на спасувачките екипи.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

Барселона, Мадрид и Париз се омилените дестинации на европските патници во 2026 година

А1он

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он