ВИДЕО: „Дајте вакцини, и ние сме приоритетна група“, протестираат бразилски сексуални работнички

Од:

Веќе една недела, сексуалните работнички во бразилскиот град Бело Хоризонте, кои по затворањето на хотелите биле приморани да опслужуваат клиенти на улица, протестираат барајќи повисок приоритет во вакцинацијата против Ковид-19.

Тие велат дека се во „првите борбени редови“ и дека треба порано да добијат пристап до вакцината, поради тоа што се среќаваат со разни луѓе во нивната работа.

„Ние сме во првите редови, ја движиме економијата и сме под голем ризик. Мораме да се вакцинираме,“ изјави за Франс прес Сика Виеира, претседателката на Асоцијацијата на сексуални работнички на државата Минаш Шераиш.

Таа и другите жени протестираа на улицата полна со хотели во кои тие некогаш работеле. Носеа транспаренти со натписи: „Сексуалната работа е здравство,“ „И секс-работничките се медицински професионалци“ и „Ние сме приоритет“.

„Ние сме приоритетна група затоа што сме здравствени едукатори. Ние даваме информации за сексуално преносливите болести кај мажите, делиме кондоми…,“ рече Виеира.

Бразилската влада ги одреди лекарите и медицинскиот персонал, наставниците, повозрасните луѓе, домородците и луѓето со ослабнат имунитет како приоритетни групи за вакцинација. Земјата се надева дека 77-те милиони луѓе ќе бидат вакцинирани во првата половина на годината, но тоа ќе биде тешко поради недостатокот од вакцини.

Од последиците на Ковид-19 во Бразил досега починаа над 332.000 луѓе. Само во вторникот, земјата регистрираше нови 86.979 случаи на болеста и рекордни 4.195 починати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција

Поранешен директор на модна компанија од САД е уапсен поради меѓународна проституција

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата