Делегација составена од претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од манастирите Рајчица и Пречиста остварија средба со надлежниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото високопреосвештенство г. Тимотеј.
– По двајца претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од манастирите Рајчица и Пречиста со благослов на нашиот старец, епископот Антаниски г. Партениј, остваривме средба со почитуваниот надлежен архијереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото високопреосвештенство г. Тимотеј, во неговото митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид, рече сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.
Додава дека монасите и монахињите беле срдечно пречекани и примени од нивнот монахољубив митрополит и го наведува посебниот повод за посетата.
– Поводот за посета беше подарокот од нашата монашка заедница за нашиот надлежен архијереј, што му го даруваме со особена почит. Тоа е истообразна копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица Крнинска, од манастирот Пречиста Кичевска, икона којашто г. Тимотеј особено ја сака и почитуваСо особена почит иконата ја наслика зографот Илче Ѓорески од Кичево.
Според неа во атмосфера на духовна радост и почит, на средбата било разговарано за повеќе тековни теми од црковниот живот во оваа епархија, како и за некои прашања што особено го засегаат монаштвото.