Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Од:

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу кој доаѓа од Алијанса за Албанците, доделил комбе на џамија во Арачиново и трактор со приколка на Oпштината Арачиново, а најави дека донации со одобрение на Владата ќе добие и Бигорски манастир.

„Општина Арачиново не е заборавено село туку е општина која заслужува и има потреба од грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук.

Тој објави дека конечно било одобрено и барањето за општина Арачиново да им биде отстапен трактор со приколка со цел да се олесни одржувањето на околината на општината.

Небиу соопшти дека на Управен одбор во Агенцијата е поминато и барањето на Комисијатаза односи со верски заедници за да се донираат предмети за потребите на манастирот „Св. Јован Бигорски“ и се очекува одобрение од Владата за донирање на оваа верска институција.

„Агенцијата за управување со одземен имот има законско право да донира запленета стока на сите државни институции, а за таа цел Агенцијата се вклучува да помогне во усогласувањето со законските прописи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно со барање на „Односи со верски заедници“ на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, имаме законска одлука која е веќе помината на Управниот одбор и се очекува одобрение од Владата за донирање на оваа верска институција“, соопшти Небиу.

Според документот од Агенцијата, манастирот ќе добие лустери, теписи, чајник, кандило и темјан.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалмите банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ