Да го спасиме Горан од карцином

Од:

Мојот брат Горан денес итно заминуваме за Турција бидејќи му беше дијагностициран агресивен КАРЦИНОМ на ЦРНИОТ ДРОБ.

Ситуацијата е алармантна и секој ден ни е борба за неговиот живот, особено што на секои три дена сме по болници за да му ја вадат течноста од градите за тој воопшто да може да земе здив.

Горан е дечкото кој многумина од вас го знаат како секогаш насмеан, вреден и посветен на својата работа.

Се се сруши пред само два месеци кога почна со силни болки во грбот, за кои на почетокот мислевме дека се нешто минливо. Кога почна да губи здив, почнавме со испитувања во државното здравство каде што изгубивме цел еден скапоцен месец без да добиеме конечни резултати, додека тој буквално ни гаснеше пред очи. Бевме принудени да побараме помош приватно, каде ја дознавме суровата реалност слабо диференциран хепатоцелуларен карцином во напредна фаза.

Денес мојот брат трпи нечовечки болки, не може да спие и речиси воопшто нема апетит. Бидејќи тука сè уште не можат да ја одредат точната причина за брзиот развој на болеста, денес итно заминуваме за Турција за таму веднаш да се направат сите детални испитувања и да ни кажат дали лекот ќе биде операција, трансплантација или имунотерапија.

Но, трошоците за прегледите, патувањето и лекувањето таму се преголеми и ние самите едноставно финансиски не можеме да ги издржиме.

Како негова сестра, ве молам од дното на душата, помогнете ми да си го спасам братот. Донирајте колку што можете уште денес и споделете го ова за да стигне до што повеќе луѓе. Секоја секунда во моментов ни е пресудна да го одржиме Горан во живот. Ви благодарам од се срце.

Донирајте на следниов линк

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ