Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Од:

Со благослов и поддршка и соработка на епископ г. Партениј, игумен на Бигорски манастир, досега се возобновени или воскреснати повеќе древни божиќни и новогодишни каланди и направени виедозаписи.

dobivaj vesti na viber

Сега на сајтот на манастирот објавени се текстовите на каландите: „Сурова година, весела година“, „Вечниот Бог“, „Тројца цареви од Персија“, „Христос се роди денес“, „Сива, сива гулабице“, „Христос се раѓат, на светот радост“, „Сношти Христос ни се роди“.

– Дел од нив потекнуваат уште од византиско време, од ромејската култура и цивилизација чиј дел и наследство сме и ние, а дел се традиционални македонски словенски песни – некои запаметени по предание, а други запишани во зборниците на народни умотворби, велат од Бигорски, каде се направени и поголемиот број видеозаписи.

Додаваат дека каландите се пееле во периодот од Рождеството Христово – Божик, па сè до после обрезанието Христово и новото лето Господово, а за подготовката на текстовите, хорот и за аранжирање на музика за каландите најзаслужни се јероѓакон Анатолиј и монахиња Касијана.

– Преку овие бадникарски и новогодишни песни верниот народ сакал, на некој начин, и надвор од храмовите да го слави Рождеството Христово и другите празници поврзани со него или што се слават во тој период. Она што навистина воодушевува е длабокото познавање на православната теологија, којашто наоѓа значајно место во народните стихословија, покрај, се разбира, и традиционалните фолклорни елементи, посочуваат од манастирот.

Од Бигорски искажуваат голема багодарност за целосното оживување на каландите до Ване Наков – фолклорен ансамбл „Етнос“ потоа „Чалгии Мерак“, во состав: Тасос Иоанну – кларинет, Шериф Мустафа – деф, Иван Божиновски – виолина, Филип Михајлоски – канон и Оливер Настовски – ут, како и за пеачите Јована Јакимоска, Исидора Грбиќ, Евангелија Грбиќ и Евангелиа Милосавлевска.

Исто така искажуваат благодарност и за Бојан Угриновски-музички продуцент, Александар Пауновски- видеопродукција, монтажа и камера и за Александар Котевски, камера.

Би можело да ве интересира

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска

Лавините кај Бигорски манастир расчистени, прооден патот Дебар – Маврово

Бугарскиот амбасадор Ангелов го посети Бигорски манастир

Жарко Настоски

Мета: Бескрајно благодарен на срдечниот дочек на владиката Партениј и на бигорското братство

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител“

Ана Ололовска