Италијанскиот фудбалски првак Јувентус ќе ги казни Американецот Вестон МекКени, Аргентинецот Паоло Дибала и Бразилецот Артур, откако тројцата фудбалери присуствувале на забава, со што ги прекршиле здравствените протоколи поврзани со Ковид-19.
Весникот „Ла Стампа“ објави дека МекКени организирал забава во својот дом на која присуствувале и двајцата негови соиграчи, како и уште неколку пријатели. Организирање приватни забави во Италија, согласно важечките ковид-протоколи, е забрането.
Полицијата упаднала на забавата организирана во домот на американскиот играч за врска на повик на соседите, а неколку италијански медиуми објавија дека полицајците морале да чекаат повеќе од еден час пред да влезат во објектот. Поради тоа, на присутните на забавата им се заканува и казна за пружање отпор на полицијата.
Тројцата фудбалери на Јувентус веднаш се казнети со по 400 евра поради кршење на епидемиолошките мерки, а медиумите објавија дека ќе следува и казна од клубот.
Јувентус в сабота го очекува градското дерби против Торино во Серија А.