Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Од:

Јувентус е подготвен да го продаде Душан Влаховиќ. Се бара потенцијална замена за српскиот напаѓач, а како прва опција наводно е напаѓачот на Евертон, Бето. Тој остана во Торино, иако летото се шпекулираше за преселба, но се уште се бори да ја најде вистинската форма под водство на Масимилијано Алегри.

Поради сето ова, спортскиот директор Кристијано Џунтоли ги разгледува можните опции за следното лето. Една од идеите е Ромелу Лукаку, кој моментално е на позајмица во Рома, но навивачите јасно им ставија до знаење на раководството на клубот дека не го сакаат во Јуве. Се следи и Алваро Мората, но тој неодамна го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, па Бето останува единствената реална опција.

Што се однесува до него, тој се пресели од Удинезе во Евертон за 30 милиони евра, но се уште не може да се докаже во Премиер лигата. Тој најмногу влегува од клупата, тоа беше случај со поразот од Ливерпул во Премиер лигата на крајот на октомври (2:0), а исто така и во Лига купот против Барнли (3:0) кога беше асистент. Заедно со него се следи и ситуацијата со Џонатан Дејвид од Лил, но тој во моментов е означен како прескапа опција.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ

Излегоа пораките на Кјелини за малверзациите во Јувентус: Не кажувајте никому за ова

Горан Наумовски