(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Од:

Јувентус доби јасна порака од навивачите да не го доведуваат Ромелу Лукаку.

Во еден момент се чинеше дека практично е завршена „трампата“ меѓу Челзи и Јувентус, но се зголемуваат шансите Ромелу Лукаку и Душан Влаховиќ да не ги заменат местата. Најпрво Маурисио Покетино го стопираше трансферот на Влаховиќ, велејќи дека не е сигурен дека навистина му е потребен, додека Челзи и покрај ова инсистираше да се комплетира трансферот на Ромелу Лукаку. Меѓутоа, сега и тоа е пред колапс.

Откако беше пречкртан од навивачите на Интер бидејќи преговараше со Јувентус, сега навивачите на „старата дама“ се против Лукаку бидејќи добро знаат што зборуваше за клубот додека играше во Милано. Затоа испратија кристално јасна порака до клубот истрчајќи на теренот и скандирајќи против Белгиецот.

Сето ова се случи по победата на „А“ тимот на Јувентус против најдобрите играчи на младинскиот тим, кога токму Душан Влаховиќ му покажа на Алегри дека не треба да се откажува од него. Србинот постигна два гола, едниот од пенал, а другиот од слободен удар, па веќе на полувремето беше јасно дека „сениорите“ на Јувентус и понатаму се многу помоќни од својот млад тим.

„Нашата идеја е Влаховиќ да биде наш напаѓач, заедно со неколку други важни напаѓачи. Повторувам: има економски причини зошто би можеле да го продадеме. Клубот треба да донесе одлука, и јасно е на што мислам, не сакам да зборувам за Лукаку“, рече тој.

Претходно се шпекулираше дека Влаховиќ ќе се пресели во Јувентус за „Лукаку и 40 милиони евра“, сепак се се искомплицира по одлуката на Челзи да се повлече од преговорите за Србинот. Засега нема конечен договор околу обештетувањето за белгискиот напаѓач кого „Сините“ пред две години го платија 115 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ