Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Од:

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, по тешката повреда на Глисон Бремер, која најверојатно ќе ја заврши неговата сезона.

Бремер се повреди во средата на натпреварот од Лигата на шампионите против Лајпциг (3:2). Тој ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото и се очекува да паузира најмалку шест месеци.

Тренерот Тиаго Мората сега мора да најде замена за бразилскиот дефанзивец, а италијанските медиуми објавија дека Јувентус нема да се обидува да донесе слободен играч на пазарот во следните неколку недели, туку ќе го чека јануарскиот преоден рок.

Црно-белите повторно се заинтересирани за Кивјор, кој нема постојано место во првиот тим на Арсенал, по доаѓањето на Рикардо Калафиори во клубот и враќањето на Јуриен Тимбер во тимот.

Сепак, не е сигурно дека Арсенал ќе го пушти полскиот дефанзивец да си замине.

Медиумите летово шпекулираа дека за Кивјор се заинтересирани Интер, Милан и Аталанта.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ