Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Од:

Откако се појавија информациите дека Душан Влаховиќ заминува во Пари Сен Жермен, Јувентус почна да спроведува „тивка револуција“ и летово планира да се откаже од голем број фудбалери. По три лоши сезони и откажување од Конференциската лига, сега во Јувентус се подготвува вистинска чистка така што четворица играчи се целосно пречкртани и се чини дека нема да имаат милост во Торино, ниту пак да ги ценат старите заслуги.

Играчите за кои беше најавено дека ќе можат да бараат нови клубови се капитенот и легендата на клубот Леонардо Бонучи, потоа американскиот играч за врска Вестон Мекени, поранешниот бразилски репрезентативец Артур Мело и некогаш големиот талент на швајцарскиот фудбал Денис Захарија. Никој од нив веќе нема ни да тренира со тимот.

Бонучи веќе има 37 години и има голем пад на формата, дури и не играше многу минатата сезона, додека преостанатите тројца играчи кои беа отпишани се многу помлади, но не му се неопходни на тренерот Масимилијано Алегри. Претходните шест месеци Мекени ги мина на позајмица во Лидс, со кој испадна од лигата, Артур Мело беше целосно заборавен бидејќи заработи тешка повреда веднаш по заминувањето на позајмица во Ливерпул, додека Денис Закарија играше топло-ладно за Челзи.

Во Торино се надеваат дека наскоро некој ќе „дојде по овие фудбалери“ и дека на крајот нема да мора да ги држат со сила, а наскоро се очекуваат и засилувања за на крајот „старата дама“ да застане на нозе. Засега не беа особено активни во преодниот рок, пред се поради тоа што ја чекаа одлуката на УЕФА за (не)учество во Конференциската лига.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ