Најубавата фудбалерка на светот има над 15 милиони следбеници, повеќе заработува надвор од теренот

Од:

Алиша Леман е најпознатата фудбалерка во светот, а сега излезе и официјалната информација за нејзината заработка надвор од теренот.

Популарната фудбалерка на Астон Вила, Алиша Леман (24) заработува огромни суми пари од секоја објава на Инстаграм. Според последните пресметки таа заработува по 280.000 евра од секоја брендирана објава на Инстаграм.

Згора на тоа, убавата фудбалерка, секако, во својот клуб заработува околу 400.000 долари годишно, има и голем број спонзорства, а објави и календар со свои фотографии за 2024 година кој чини околу 70 евра.

Леман веќе подолго време е најпопуларна швајцарска спортистка, откако според бројот на следбеници на социјалните мрежи го надмина легендарниот тенисер Роџер Федерер.

Алиша Леман играше за Баерн Минхен, потоа се пресели во Премиер лигата кога играше за Вест Хем, потоа се пресели во англискиот Евертон и сега игра за Астон Вила. Со години е член и на „А“ селекцијата на Швајцарија. Таа е родена во јануари 1999 година.

Би можело да ве интересира

Тренерот на ЦСКА Софија удрен во главата

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Хрватска го вклучи алармот: „Грците планираат пробив со озлогласените белграѓани“ во Сплит и Загреб“

Предраг Петровиќ

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни

Спајдермен се обиде да го прекине мечот меѓу Сити и Вест Хем

Емир Латифовиќ