Македонската фудбалска репрезентација одигра одлично прво полувреме во Дуизбург против Германија, крунисано со гол на капитенот Горан Пандев во втората минута од судиското продолжение, по кој имаме предност на одморот.
Германија имаше неколку големи можности за погодок, а при една од нив ја погоди и пречката, но и Македонија имаше одлична шанса, во која голот на Германците го спаси Марк-Андре Тер Штеген.
Сепак, во самата завршница, во втората минута од судиското надополнување, Пандев погоди за водство на Македонија од 1-0.