Столтенберг: И изразивме поддршка на Бугарија за истрагата против руската шпионска мрежа

Од:

На денешната седница на министерскиот состанок на НАТО во Брисел главната дискусија се однесуваше на односите со Русија, сите земји членки и изразиле поддршка на Бугарија за истрагата против наводна руска шпионска мрежа, јави дописничката на МИА од Брисел.

-На Бугарија и упативме порака на солидарност од сите сојузници, зборував со премиерот на Бугарија, министерката за надворешни работи учествуваше на средбата денеска и таа го покрена ова прашање и ги брифираше сојузниците за истрагата на бугарските власти за наводната руска шпионска мрежа, НАТО многу сериозно ја сфаќа заштитата на класифицираните информации и целосно ја поддржуваме Бугарија во нејзините напори да се справи со малигните активности на Русија на нејзината територија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За шефот на Алијансата, оваа мрежа на шпиони во Бугарија е уште еден пример за агресивното однесување на Москва кон земјите членки на НАТО како и кон нејзините соседи, однесување кое се состои од мешање во внатрешните работи на другите земји, обиди за поткопување на демократските институции и мешање во разузнавачките активности.

На вториот и последен ден на овој министерски состанок на НАТО во Брисел за надворешни работи, 30-те земји членки се согласиле дека односите со Русија и натаму остануваат многу тешки и дека и покрај години обиди да се воспостави дијалог, репресијата на руските власти продолжува, како и малигните активности надвор од нејзините граници.

НАТО и денеска повика на ослободување на опозиционерот Алексеј Навални, како и на сите други мирни демонстранти во Русија.

Столтенберг порача дека НАТО сојузниците остануваат отворени за дијалог со Москва и дека поканата за средба на ниво на Советот НАТО-Русија останува да важи, но дека за сега Русија не ја прифатила оваа покана. Шефот на Алијансата потсети дека Советот НАТО-Русија не остварил средба од 2019 година, поради тоа што Москва не прифаќа.

На министерскиот состанок станало збор и за Северен тек, потврди Столтенберг, но одби да обелодени детали за дискусиите. Во оваа битка се спротивставени САД и Германија. Вашингтон смета дека Берлин треба да се откаже од проектот.

-Има разлики околу Северен тек, нема причина да го криеме тоа, има различни ставови помеѓу сојузниците, но НАТО е платформа каде може да се разговара за овие прашања, и прашањето беше отворено, потврди генералниот секретар.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија