Берта Де Бот од околината на Брисел, себеси не се смета за алкохоличарка иако секој ден пие по 16 пива.
Неодамна таа го прослави својот 90-ти роденден, а како подарок од гостите доби 90 гајби пиво. Сосема необичен подарок за една повеќегодишна дама, но Бот не е како другите старици.
Не е познато дали во пивото лежи тајната за нејзината долговечност, но таа изјави дека секој ден пие по 16 пива.
Пијалокот од хмељ го открила на седумнаесетгодишна возраст и понесена од неговиот вкус наредните години продолжила да го конзумира 16 пати дневно.
Бот и покрај тоа што вели дека не е алкохоличарка, нејзината навика го загрижува семејството.
Елена Георгиевска