Халк Осигурување како општествена одговорна компанија – донираше прочистувачи на воздух на Универзитетска клиника за детска хирургија

Од:

Влогот во здравјето и безгрижниот живот, особено на најмалите – децата, е влог во сигурна и безбедна иднина на сите нас.

Халк Осигурување АД Скопје минатата недела донираше плазма прочистувачи на воздух на Универзитетската клиника за Детска хирургија во Скопје. Се работи за специфични уреди со висoко ниво на прочистување на воздухот, кои се наменети исклучиво за употреба во медицински установи. Во време на вируси, бактерии и високо ниво на загаденост, ваквите прочистувачи за воздух гарантираат чиста и безопасна средина за брзо опоравување како дополнителна заштита на децата кои се лекуваат на Клиниката за Детска хирургија.

„Како компанија која го живее својот раст и успеси, ние во Халк Осигурување АД Скопје сме свесни дека само успехот кој го споделуваме со другите луѓе и пружаме солидарност е вистински успех за нас. Наша мисија и понатаму е да бидеме предводници во давањето придонес кон подобрување на целокупните услови во кои живееме“, изјави Главниот извршен директор на Халк Осигурување АД Скопје г-дин Суат Инан.

Со оваа донација, компанијата поставува пример и за останатите успешни компании со пораката дека помошта која им ја даваме на другите луѓе треба секогаш да биде на прво место. Подобрувањето на условите за лекување на нашите најмили е само еден мал чекор кон намалувањето на грижите на родителите и децата.

„Знаеме дека здравството е навистина сензитивен сегмент, a помошта е секогаш потребна, особено кога се во прашање децата и нивното здравје. Во таа смисла, влогот во здравјето и безгрижниот живот, особено на најмалите, е влог во сигурна и безбедна иднина за сите. И затоа, креирањето на добри услови за грижа за здравјето на децата е еден од клучните приоритети во нашата компанија и план за помагање на општеството“, изјави Извршниот директор на Халк Осигурување АД Скопје г-дин Славчо Таушанов.

На Клиниката за Детска хирургија Скопје во 2020 година биле лекувани околу 2000 пациети од земјава и од регионот. Вкупно 160 бебиња со тешки аномалии биле оперирани за само две години. Најмалото оперирано бебе било тешко под два килограми. Одделот има капацитет од 54 легла и згрижува деца од 0 до 14 години. Тимот лекари на Клиниката за Детска Хирургија изведува интервентни процедури и операции кај деца со вродени аномалии, третира акути состојби кои бараат итни интервенции, а се лекуваат и пациенти со хронични хируршки болести.

„Сакаме да се заблагодариме на Халк Осигурување АД Скопје и на менаџментот на компанијата за донацијата на Клиниката. За нас секоја донација е вредна и значајна, не само затоа што го подобрува квалитетот на третманот во одреден сегмет, туки и поради фактот што со нашите партнери ја подигнуваме свеста за општествена одговорност на компаниите, што е секако важен сегмент во општественото живеење во оваа земја, особено во период кога здравството се соочува со предизвикот со справување со пандемијата од коронавирусот“, изјави спец. д-р. Розета Соколова.

Како благодарност за Халк Осигурување АД Скопје за донацијата на плазма прочистувачите на воздух, претставниците од Клиниката за детската хирургија, спец. д-р. Розета Соколова и главна сестра Анета Гроздановска, доделија плакета за благодарност до Главниот извршен директор, г-дин Суат Инан и Извршниот директор, г-дин Славчо Таушанов.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он