Дачиќ на 14-ти јуни на седница на СБ во ОН

Од:

Претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ ќе зборува на седницата на Советот за безбедност на ОН, која ќе се одржи на 14-ти јуни во Њујорк, а на која ќе биде претставен извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за состојбата на Косово.

Како што е најавено Дачиќ утре ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, претставникот на Велика Британија, Лајал Грант, како и со претставникот на Русија при ОН, Виталиј Чуркин.

Седницата ја закажа Велика Британија, која месецот ќе претседава со Советот на безбедност.

Бан во извештајот го поздрави постигнувањето договор помеѓу Белград и Приштина и оцени дека се работи за историско достигнување.

-Го поздравувам првиот договор за нормализација на односите кои што се постигнати во рамките на дијалогот, со посредување на ЕУ. Ова е историски успех-изјави генералниот секретар на ОН.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија