СДСМ: Мицкоски и високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ често биле во Мериот во последните недели

Од:

Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот, изјавиСтефан Васев од СДСМ.

Тој го повика Мицкоски да одговори дали во Мериот имале средби со осудениот Сашо Мијалков.

„Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните. Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност“, рече Васев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство