Клековски се прави како да не е од тука. Исто како во Гостивар кога над 5.000 луѓе беа отруени од фекалии во водата, така и сега. Им дава алиби, вели дека Ива Михаилова избегала поради најавеното доаѓање на бугарските лекари, се вели во соопштението од СДСМ.
-Организираната криминална група се штити меѓу себе. Ива Михаилова избега затоа што Муцунски договорал во Софија под маса, Панче Тошковски ја пушти Мицкоски одобрил. Целата одговорност за овој скандал е кај власт.
Панче Тошковски призна јавно на телевизија дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Пет тони дрога, Артан Груби, пријави за насилство без одговор, бодигард на Мицкоски на слобода, криминални тендери…Клековски може да се прави дека не е од тука, но граѓаните не се наивни, знаат и гледаат се. Полицијата во рацете на власта служи како заштита на криминалот на власта и алатка за гласање. Ништо друго. „Од брат да ми е ќе одговара“ – никој не одговара!, велат од СДСМ.
