Европскиот регулатор ЕМА проверува јужнокорејски лек против Ковид-19, базиран на антитела

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека проценува лек против коронавирус, базиран на антитела, развиен од јужнокорејската компанија Селтрион.

Тоа е трет ваков лек што се ревидира, бидејќи на почетокот на овој месец ЕМА почна со евалуација на лекови базирани на антитела, развиени од американски производители на лекови Ели Лили и Регенерон за употреба кај одредени пациенти болни од коронавирусот.

Европската агенција за лекови соопшти дека нејзиниот комитет за лекови го проценува првиот сет на податоци што ги добила од испитувањето на лекот „регданвимаб“ врз животни и луѓе и порача дека ќе продолжи да ги проучува, како што ќе добива повеќе податоци.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски