Вакцините од Србија доаѓаат утре

Од:

Првата пратка од вакцините против Ковид-19 кои земјава ќе ги добие од Србија ќе пристигне утре информираат од Министерството за здравство. Вакцините на граничниот премин Табановце на премиерот Зоран Заев ќе му ги предаде претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„ Ве известуваме дека утре, 14.02.2021 година (недела), во 10:00 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев“ – стои во соопштението.

Како што најави Заев во првата пратка од вакцините на Фајзер од Србија ќе добиеме половина од договорените 8000 дози. Првично предавањето на вакцините беше закажано за четвртокот, но имаше одложување поради како што објаснија двете страни „комплетирање на техничката документација“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори

Горан Наумовски