Уште сме во првата, а до 2024 година нè чекаат уште две фази од пандемијата, вели американски научник

Од:

Пандемијата на коронавирусот нема да заврши до 2024 година, кога ќе почне таканаречениот „постпандемиски“ период, кој ќе биде многу сличен на „лудите дваесетти години“ од минатиот век, смета американскиот научник и професор на угледниот универзиттет Јејл, д-р Николас Христакис.

-Сериозните вируси влијаат врз нашата економија, начинот на живот и пандемиите вообичаено се одвиваат во три фази, па кога станува збор за коронавирусот, можеме да зборуваме за актуелната фаза, која ќе трае до крајот на 2021 година. Потоа следи средната фаза, што ќе трае до 2023 година, а на крајот и постпандемиската фаза, која ќе почне во 2024 година, изјави Христакис.

Во првата фаза, во која се наоѓаме сега, оценува Христакис, вирусот се шири се додека не се заразат доволно луѓе и не се постигне таканаречениот имунитет на стадо.

-Светот се промени, маските станаа задолжителни, физичката дистанца, исто така, начинот на работа се менува, многумина остануваат дома, свртени кон вербата … Со ова темпо, треба да се очекува дека ќе го достигнеме имунитетот само до крајот на годината, или природно или преку вакцини, изјави Кристакис за Си-Ен-Ен.

„Во средната фаза, ќе ги почувствуваме психолошките, социјалните и економските последици од коронавирусот. На милиони луѓе ќе им треба медицинска нега, начинот на работа и патување ќе се променат. Пандемијата, исто така, ги забрза трендовите во здравствената заштита. Сега, кога ја видовме важноста на науката, можеме да ја примениме во борбата против климатските промени. Можно е наследството на пандемијата да биде поголема почит и ценење на науката“, рече тој.

Христакис проценува дека постпандемискиот период ќе биде сличен на „лудите дваесетти“ од 20-от век, кога сите забрани паднале, откако завршила пандемијата на шпански грип, која однела десетици милиони животи.

„Сите тешкотии и маки со кои се боревме одеднаш ќе исчезнат. Ќе се дружиме, ќе одиме на концерти, можни се спортски настани, сексуални слободи, можеби нема повеќе да се ракуваме и помалку ќе одиме на службени патувања и повеќе ќе работиме од дома, вели научникот.

-Чумата секогаш поминува. Доаѓа во бранови и на крајот исчезнува. Јас сум оптимист дека ќе видиме крај на ова. Короната ќе стане ендемична болест, како вирус на редок грип што ќе циркулира меѓу нас, рече експертот од Јејл.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски