Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Од:

Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк.

За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста.

Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес.

Инаку во Градскиот парк во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство.

Кајакарот Благојче Гугинов за МИА изјави дека споредено со вчера Вардар во Градскиот парк во Велес е пораснат за околу метар, видливо е дека се поплавени дрвјата на брегот, а и реката денеска е многу побрза од вчера.

Инаку вчера Вардар во Велес кај Стар Мост според мерењата на УХМР бил 160, а утрото бил 170 антиметри. Споредено со изминатата недела кога Вардар во Велес беше 86 сантиметри, вчера и денеска нивото на реката е двојно и повеќе пораснато.
Како потврда на тоа дека Вардар споредено со вчера е драстичо пораснат говори и податакот од УХМР дека вчера кај Демир Капија, Вардар бил 191, а денеска е на 249 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка