Наместо во бикини, во септември мисиците на изборот на светска убавица ќе прошетаат по саронг (малајска национална носија), зашто домаќинот Индонезија така сака.
За да не дојде до поголеми протести на муслиманските групи, организаторите на изборот соопштија дека девојките од кои наесен во Бали ќе се бира најубавата, воопшто нема да се соблекуваат во бикини.
Тие ќе се појават во традиционална облека за Индонезија, со што ќе се испочитуваат обичаите на земјата каде се одржува изборот.