Американската фармацевтска компанија Фајзер годинава очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си.
Вакцината против коронавирусот на Фајзер, која тој ја произведува заедно со неговиот германски партнер Бионтек, беше прва во САД која беше одобрена за итна употреба.
Во текот на 2021 година, Фајзер предвидува вкупни приходи на компанијата меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.