Во Полска вакцината на Астразенека нема да ја примаат луѓе постари од 55 години

Од:

Повозрасните луѓе во Полска нема да добијат вакцина АстраЗенека против Ковид-19, изјави денеска советникот на полскиот премир задолжен за вакцинација Михал Дворчик, додавајќи оти конечната одлука ќе биде донесена по препорака на медицинските експерти.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека за употреба на територија на Европска Унија за лица над 18 години, но наведе дека се уште нема доволно резултати за ефикасноста на вакцината за лица над 55 година.

Дворчик истакна дека се чека на јасна препорака од лекарите, а потоа ќе се донесе одлука дали лицата над 55 години ќе ја примат вакцината АстроЗенека.

Германскиот комитет за вакцини минатата недела препорача со вакцината АстраЗенека да се имунизираат луѓето од 18 до 64 години. Иста препорака вчера дадоа и медицински експерти на Австрија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина