Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

Од:

Полска планира да одвои околу 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија, најави заменик министерот за национална одбрана на земјата Сезари Томчик.

„Модернизацијата на самата ограда ќе чини околу 1,5 милијарди злоти (околу 375 милиони долари) и токму толку треба да се одвои за оградата навистина да функционира“, изјави Томчик за ТВН24.

Тој додаде дека на проектот работи тим од полски инженери и соработници од Технолошкиот универзитет во Шлезија.

Како што истакна, во моментов граничната ограда не е доволно ефикасна за да ги одврати илегалните мигранти.

Томчик призна дека полските граничари ги враќаат илегалните мигранти, кои ги фаќаат директно на граница, назад во Белорусија.

Полскиот премиер Доналд Туск во февруари објави дека владата одлучила да започне со работа на модернизација на оградата на границата со Белорусија, која беше подигната во 2022 година. Оградата е ѕид од челични решетки блокови висока 5,5 метри и долга 186 километри. Целта е заштита од илегални мигранти. Изградбата на ѕидот чинела 278 милиони долари, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Девет државјани на Украина се повредени во сообраќајна несреќа во Полска

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

Полска се подготвува за голема војна

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски

Вратена е оградата околу Владата

Катерина Ѓуровски

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја враќа оградата околу владината зграда