Лидерите на владеачката коалиција во Србија договараат антикризни мерки

Од:

Лидерите на Социјалистичката партија на Србија, Српската напредна партија и Обединетите региони на Србија, Ивица Дачич, Александар Вучиќ и Млаѓан Динкиќ, денеска ќе имаат нова средба, посветена на предлогот за антикризни мерки, соопшти весникот „Блиц“.

Мерките што добиваат поддршка од левите социјалисти и десните политичари од Обединетите региони на Србија, како и од центристичката Српска напредна партија, ќе влезат во конечниот предлог за антикризни мерки.

Со вака усогласениот план, што треба да донесе заштеди во буџетот, владината тројка во петок ќе разговара со членовите на Фискалниот совет. Потоа ќе следат консултации на тројцата лидери со претставниците на Социјално економскиот совет, Националниот совет за економско обновување и синдикатите.

Дури потоа договорените мерки треба да бидат донесени од владата, пишува „Блиц“. Засега е познато само дека замислените мерки не вклучуваат кастрења во јавниот сектор. Се разгледува можноста за замрзнување на платите и пензиите или за намалување на некои од платите во државниот сектор.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија