Вакцината на „Фајзер“ е ефикасна и против новите типови коронавирус

Од:

Студијата на компанијата „Фајзер“ покажа дека вакцината против коронавирус произведена од „Фајзер“ и „Бионтек“, исто така дејствува и на големи мутации кај новиот вид.

Вакцината се покажала како ефикасна во неутрализирање на вирусот со таканаречената мутација N501Y, пренесува „Ројтерс“.

Студијата направена од „Фајзер“ и научници од медицинскиот оддел на Универзитетот во Тексас е направена врз основа на луѓе што биле вакцинирани, но е ограничена бидејќи не ги зема предвид сите видови мутации пронајдени во новиот вид коронавирус.

Еден од авторите на студијата, Фил Дормицер, рече дека вакцината е ефикасна против 16 вида мутации.

„Тоа е добра вест. Тоа не значи дека е ефикасна против 17 мутации“, рече Дормицер додавајќи дека загрижува друга мутација наречена E484K, пронајдена во Јужна Африка.

Се планира да се изврши сличен тест за да се види дали вакцината е ефикасна против мутациите откриени во Велика Британија и Јужна Африка и треба да се соберат повеќе податоци во следните недели.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД