Ахмети му честита на Бајден откако Конгресот му ја потврди победата на претседателските избори

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, му испрати честитка на претседателот на Соединетите американски држави, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес, соопштија од ДУИ.

– Двата дома на Конгресот на САД на заедничка седница ја потврдија победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на изборите во ноември во Соединетите американски држави. Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира без оглед на непосредните и моментални предизвици за демократијата, вели Ахмети во честитката.

Тој истакнува дека нашата земја останува посветена на продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

– Една силна Америка значи и поголема гаранција за поправеден и побезбеден свет. Верувам дека претседателот на САД, Џо Бајден, како и Конгресот на САД ќе продолжат да придонесуваат за поддршка на соработката меѓу Република Северна Македонија и САД и ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на нашата земја во Европската Унија. Исто така верувам дека новата администрација на Белата куќа ќе помогне во процесот на дијалог меѓу Република Косово и Србија, дијалог што ќе овозможи меѓусебно признавање на двете земји и членството на Република Косово во Обединетите Нации и другите меѓународни организации. На претседателот Бајден му посакувам добро здравје и со среќа да го дочека 20 јануари, денот кога ќе даде свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата, стои во честитката на Ахмети.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он