Ким Кардашијан и Канје Вест не планираат да живеат заедно, бракот им е „практично завршен“

Од:

Ким Кардашијан и Канје Вест не планираат повеќе да живеат заедно, пишуваат американските медиуми повикувајќи се на извори блиски до славната двојка, и заклучуваат дека со тоа двајцата „признале дека бракот им е практично завршен“.

Во моментов, според изворите, Кардашијан е во Лос Анџелес со децата, додека раперот останал на својот имот во Вајоминг. Според извештаите, тие веќе неколку месеци живееле раздвоено.

„На Канје му треба време. Доста работи на себеси и воглавно го минува времето на ранчот. Изгледа дека нема намера да се врати во Лос Анџелес, а Ким се сложува со тоа,“ тврди изворот близок до двојката.

Како што се наведува, Ким и Канје се труделе да останат во добри односи и покрај бројните недоразбирања и недостатокот на доверба, а двајцата најавувале дека нема набрзо да поднесуваат барања за развод.

Би можело да ве интересира

Ким Кардашијан ги брани браќата Менендез

Ким Кардашијан е обвинета за еко-тероризам

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски