Косово има проблеми со себе, домашната политика стана надворешна и обратно, вели Рама

Од:

Еди Рама остро реагираше по изјавите на вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, дадени за време на нејзината официјална посета на Тирана.

Рама категорично порача дека Албанија нема проблем со Косово, но оти косовската политика има проблеми со себеси бидејќи, според него, нивната внатрешна политика одамна се претворила во надворешна и обратно.

-Нашата цел беше и останува да има нула проблеми со соседите, но нула проблеми со соседите не значи да се тие сокријат. Тоа значи зборување за нив. Надвор од тоа, во овој случај не е дека имаме проблеми, немаме проблеми со Косово. За жал, Косово има проблеми со себеси и ако можам да направам концизна дефиниција за проблемот што го гледам таму, тоа е дека долго време домашната политика стана надворешна политика и обратно, рече Рама.

Тој додаде дека ова го исцрпило Косово внатрешно и надворешно и нагласи дека тоа е проблем што го гледа со голема загриженост.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана