Директорката на Европската агенција за лекови Емер Кук денеска изјави дека вакцината на Фајзер-БионТек против новиот коронавирус најверојатно ќе биде ефикасна и против новиот вид на Ковид-19 што се шири низ Велика Британија.
– Во овој момент нема доказ што би укажал дека вакцината нема да биде ефикасна и против новиот вид, истакна Кук на денешната прес-конференција, на која соопшти дека ЕМА ја одобрила вакцината на Фајзер и Бионтек за користење во земјите-членки.