Во вакцината против Ковид-19 на американската компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“, нема микрочип, напиша денеска влијателниот американски весник „Њујорк тајмс“.
Авторот на текстот Кетрин Ву ги следи обидите за дезинформација на социјалните мрежи. Таа категорично ги отфрла теориите на заговор што кружат преку интернет, според кои, американската Влада ставила во вакцината микрочип за следење и набљудување на луѓето.
Вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ содржи десет состојки.
Активната состојка е молекула, наречена РНК или mRNA, која содржи генетски упатства за коронавирусен протеин наречен Спајк. Ги „упатува“ човечките клетки да произведат Спајк. Ова му помага на телото да научи една од карактеристиките на вирусот, така што ќе може да се препознае и уништи ако се обиде да предизвика инфекција.
Останатите девет состојки се:
– Четири липиди: Три со неверојатно сложени хемиски имиња кои формираат мрсен, заштитен меур околу mRNA и холестерол.
– Сахароза (шеќер)
– Четири видови на соли: калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, основен натриум фосфат дихидрат и натриум хлорид (готварска сол).