Здравствените власти во Камбоџа се загрижени од непознатата болест, која во последните три месеци, однесе десетици дечји животи. Се што знаат за неа е дека не е ни птичји грип, ниту САРС и дека веројатно не е заразна.
Најмалку 56 деца починаа од 57-те евидентирани. Светската здравствена организација и камбоџанското министерство за здравство говорат за „ недијагностициран“ синдром.
Светската здравствена организација ги предупреди соседните земји на оваа смртоносна болест која почнува со висока температура, а потоа предизвикува респираторни и невролошки симптоми со влошување на дишните функции.Сите деца добиваат запаление на мозокот во последните моменти од животот.
Целото тело го прекриваат меури.
Досега ниту еден случај од болеста не е евидентиран надвор од Камбоџа.