Епидемијата нема да ги спречи предновогодишните забави, за локалите тоа било приватна работа

Од:

Понуди и резервации за дочек на новогодишната ноќ во рестораните и кафулињат нема, но за оние предновогодишни организирани прослави од фирмите, сопствениците на угостителските објекти велат дека се приватна работа. Според нив со почитување на протоколите за објектите ќе можат да се реализираат овие собирања.

„Не може да одговориме дали ни се јавуваат за организирани предновогодишни прослави од фирмите.Тоа е наша приватна работа, но секако на овие прослави ќе се почитуваат пропишаните мерки, односно не може на една маса да седат повеќе од четворица а масите мора да бидат одалечени најмалку метар и половина. Новогодишен дочек нема да има па ова е можност на некој начин луѓето да прослават во деновите пред истекот на годината“, речиси едногласно ни одговорија менаџерите на ресторани и локали во земјата.

Државниот пазарен инспекторат не добил дополнителни насоки од Владата за посебен инспекциски надзор во деновите пред најлудата ноќ.
Неодамна, министерот за здравство Венко Филипче рече дека Комисијата за заразни болести дополнително ќе разговара за евентуалните ограничувања за работата на угостителските објекти за Нова година.

Што се однесува до понудите за патувања од туристичките агенции, најголем интерес има за неколкудневен престој на планините во државава но и во соседството. Во понудите стои организирана вечера за 31 декември но таа треба да заврши до 21 часот.

Помал интерес има за организираните патувања во Истанбул, Барселона, Кушадаси, Дубаи но сите аранжмани вклучуваат ноќевања во хотелите а новогодишната ноќ може да се прослави на плоштадите во овие градови според пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19.

„Зависно од актулената епидемиолошка слика во градот во кој ќе престојувате за новогодишните празници, ќе биде организиран дочекот на Новата година на плоштадите“, пишува во понудите на туристичките агенции за посочените дестинации.

Годинава за прв пат новогодишната прослава на централните плоштади ја откажаа мегалополисите како Лондон, Њујорк и Сиднеј, додека од јавна прослава на најлудата ноќ не се откажаа Белград и Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска