Споменик во чест на гравот беше поставен во село Теарце, Тетовско. Споменикот го изработи Љубиша Камењаров, чија замисла беше да креира спој на традиционален и модерен уметнички израз.
Тој од една страна го претставува гравот како долговековна и автохтона култура најпозната и далеку прочуена од овој крај. А од друга страна како уникатен и перспективен македонски земјоделски производ со голем потенцијал за развој и доходовност.
Овој споменик во чест на гравот е поставен токму во село Теарце, во чест на манифестацијата “Ден на Гравот” која 10 години по ред, секоја година се имплементираше во Теарце во организација на Центар за Едукација и Развој- ЦЕД од Теарце. Настанот Ден на Гравот секоја година собира над 500 посетители од различни генерации, националности, религии и географски подрачја.