Фирмата на Нефи Усеини продолжи со учество на тендери, уште пред му биде прифатена оставката од советничката функција

Од:

Уште пред да му биде констатирана оставката од советничката функција, фирмата „Нефи-ИК“ на советникот во заминување Нефи Усеини, продолжи со учество на тендери распишани од Општина Охрид. Компанијата која во минатото добиваше тендери вредни илјадници евра од општината, аплицирала на наддавање за бетонирање на местото каде треба да се постави модуларната ковид-болница во Охрид. Но, бидејќи оставката на Усеини не е констатирана од страна на советот, фирмата била отфрлена поради конфликт на интереси, го констатираше антикорупциската комисија.

Учеството на тендери од фирмата на советникот Усеини од ДУИ, доаѓа по пауза од една година, а непосредно пред да биде прифатено барањето за оставка од советничката функција во Општина Охрид. Поднесок за повлекување од функцијата советник, охридскиот бизнисмен го поднесе непосредно пред објавата на тендерот, односно, јавното отворање на понудите кое беше во понеделникот. За неговата оставка ќе се одлучува на денешната седница на Советот, а причините за оставката засега не се соопштени од страна на Усеини. На ваков начин, повторно се отвора можноста фирмите на Нефи Усеини да добиваат тендери од Охрид и општинските јавни претпријатија.

Со отфрлањето на понудата од Усеини, за изведба на градежните работи за поставување на ковид-болницата е избрана фирмата „МН-АС Цонструцтион ДООЕЛ с. Радолишта Струга“. Сопственик и управител е извесен Мустафа Хоџа, а основана пред пет години. На него, Општина Охрид ќе треба да му исплати близу 19.000 евра за услугата. Фирмата ќе треба да ги изврши градежните работи, седум дена по добивање на писмен налог. Модуларната болница ќе биде поставена во склоп на Општата болница во Охрид.

Инаку, во август минатата година, Државната комисија за спречување на корупција даде мислење дека општина Охрид не може да влегува во деловни односи со компанија на советник на општината или на негови блиски лица. Фирмата на Нефи Усеини имаше три договори со општината. Еден од нив беше и одржување на депонијата Буково за 47.000 евра.

Против охридскиот советник во заминување се води и судска постапка, чии рочишта двапати по ред се одложуваат. Првото образложение кое го даде на судијата е дека е на операција во Турција, а сега, достави документ дека има коронавирус. За Усеини се водат предмети и во охридското Обвинителство, а обвинение нема и по скоро две години.

Нефи Усеини и неговито брат Ибро во притвор беа 16 денови, а судот ги ослободи откако тие дадога гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски, кој откако беше започна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница. Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид.

Усеини е сопственик и на дивоизградената тераса на државно земјиште кај Чинарот. Објектот беше изграден со механизација од фирмата „Нефи-ИК“ која е во негова сосптвеност, а по повеќе од година таа остана нечепната од институциите. Откако изградбата не ја спречи Општина Охрид, отстранување нема ниту од Државниот градежен инспекторат.

Во предизборието, со булдужери се уриваше бетонската база на Усеини која ја поставил без никакво одобрание од институциите на парцела во сопственот на ИВЗ, која се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. На парцелата и натаму се паркирани возила од фирмите на Усеини, но, производство на бетон не се прави.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид