Снимките покажаа дека Топалоски бил тепан со пиштол, МВР со кривична пријава против Нефи Усеини

Од:

Охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, дознава „А1он“. Неофицијално, ова било потврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде вчера се случи инцидентот. Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.

„Поднесена е кривична пријава против Н.У.(45) и И.У.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали. По наредба на јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Нападот на Топалоски се случи вчера пред познат охридски хотел. Според сведочењето на нападнатиот за „А1он“, Усеини заедно со брат му и уште две лица прво му извадиле пиштол на него ни неговото малолетно дете, за потоа, со оружјето да го маваат по глава.

„Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден криминалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рече вчера Топалоски за „А1он“.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница.

Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид.

Инаку, по повеќе од година, сите предмети отворени против Усеини во охридското Обвинителство, тапкаат во место. Оттаму последно кажаа дека поради пандемијата, обвинителите работат само на итните случаи, а додека, предметите кои се во редовна постапка како оние за Усеини, ќе се разгледуваат во наредниот период откако ќе се врати нормалното работење на Основното јавно обвинителство Охрид.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони