Советникот Усеини ги пречекува првите гости во дивоизградениот објект, градоначалникот сè уште бара фирма за уривање

Од:

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, наместо инспектори, ги пречекува првите гости во дивоизградениот објект кај Чинарот, чија намена е да биде пицерија и кафуле. Објектот кој е изграден на државно земјиште, за кој Усеини нема градежна дозвола, а тој се наоѓа во заштитеното подрачје под УНЕСКО, е целосно уреден. Маси и столици се поставени и на пет метри од Чинарот. Пред влезот се поставени украсни балони, а засега нема гласна музика. Внатрешниот ентериер е уреден со дрвен плафон.

Дивоизградениот објект е украсен со балони, а пред вратата е поставена и црвена лента

„А1он“ исконтактира со Усеини, но тој не сакаше да коментира ништо во врска со отворањето на објектот кој го градеше. Тој само ја потврди информацијата, дека од утре, објектот е отворен за посетителите. Градоначалникот Константин Георгиевски не одговори на прашањето дали добил покана да присуствува на свеченото отворање, ниту пак, дали општинскиот градежен инспектор ќе отиде да направи увид и да превземе чекори за санкционирање.

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски
Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски

Општината Охрид знаеше дека кај Чинарот се издигнува дивоградба, а во цели четири месеци, тие успеаја само да донесат решение за уривање на градбата и забрана за градење, кои за Усеини, не беа проблем за да заврши со градежните работи. Градоначалникот Георгиевски постојано уверуваше дека објектот ќе биде урнат, но досега, тој успеа само да го распише тендерот за избор на фирма која би уривала објекти.

Дивоградбата се градеше од март до почетокот на јули

Премиерот Зоран Заев, кој исто така знаеше дека се гради дивоградба кај Чинарот, пред една недела тврдеше дека таа е стопирана, иако работниците ги правеа последните подготовки пред свеченото отворање.

Изградбата на дивиот објект за кој Усеини тврдеше дека ќе биде летна тераса, започна во март. Изминативе три месеци, во заштитеното подрајче кое е дел од УНЕСКО, се ставаше метална конструкција, а сега на три метри од Чинарот има бетонска градба. Општината Охрид донесе решение за уривање уште кога се поставуваа темелите, на 25 март.

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, гради и бетонска база на охридското крајбрежје. За оваа градба, Усеини ги нема потребните дозволи кои треба да бидат издадени од Општината, но и останатите надлежни институции. Досега, нема одлука за издавање на еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. Иако Општината и градоначалникот Константин Георгиевски знаат за овој објект подолго време, тој и натаму се гради без проблем, иако се прекршени низа закони бидејќи станува збор за нова дивоградба.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан