ВИДЕО: Охрид со булдожери продолжи да ја урива бетонската база на Нефи Усеини

Од:

Со булдожери се урива дивоизградената бетонска база на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. Акцијата за отстранување на нелегалниот објект која започна пред четири дена, продолжи и денес. На терен урива механизација која е ангажирана од Општина Охрид. Со оглед на габаритот на објектот, отстранувањето ќе трае и во наредните неколку денови, најавија од општината за „А1он“. Паралелно со објектот на Усеини, се урива уште една база која е во непосредна близина.

Поставувањето на базата во сопственост на Усеини беше започнато во јуни минатата година на петстотини метри од брегот на Охридското Езеро. За неа, нема потребни одобренија, ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува УНЕСКО статусот на целото подрачје. Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.

Усеини успеа, но непознато на кој начин, да спроведе и струја до бетонската база, иако таа е нелегална и спротивна на законите. На местото каде започна рушењето, изминатава година во континуитет се работеше, а беа паркирани и камиони, како и различна механизација. Општина Охрид, претходно немаше доволно средства за да ангажира работници и градежни машини за да ја урне базата, што беше оправдување оваа акција да се одложува до сега. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга.

Советникот Усеини и во минатото е осудуван по повеќе основни меѓу кои и насилство, а предмети во изминатава година има и во охридското Обвинителство за кривично дело бесправно градење, двапати за спречување службено лице во вршење службено дејство и по еднаш за загрозување на сигурноста и фалсификување или уништување деловни книги.

Позната за јавноста е уште една дивоградба во сопственост на Усеини, која е во заштитеното подрачје на Охрид. Станува збор за објект на плоштадот кај Чинарот. Сите активности за нејзина изградба се нелегални и на државно земјиште, што го нотираше и општинскиот инспекторат додека  течеа градежните активности. Сега, таа дивоградба не е во ингеренции на општината и треба да ја урива Државниот градежен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион