Австралиската авиокомпанија Куантас во иднина ќе инсистира меѓународните патници да бидат вакцинирани против Ковид-19 пред летот, опишувајќи ја мерката како „неопходна“.
– Ги менуваме условите и ќе бараме меѓународните патници да бидат вакцинирани пред летот, изјави извршниот директор Алан Џојс за мрежата на Ченал Наин.
– Сметаме дека ова е дефинитивно потребно кога станува збор за меѓународни посетители и луѓе кои ја напуштаат земјата, додаде тој.
Австралија ги затвори своите меѓународни граници во март за време на првиот бран на пандемијата и бара повратниците од странство да останат во карантин две недели.
Австралиската држава Викторија, која беше епицентар на епидемијата во земјата, соопшти дека нема активни случаи на коронавирус, првпат по повеќе од 8 месеци, и е на пат да го елиминира вирусот.
Во втората по бројност земја во Австралија, нема нови случаи 25-ти ден по ред, а воспоставени се ограничувања во јавниот превоз и голем број на компании се затворија по врвот на инфекцијата на почетокот на август со повеќе од 700 случаи на ден.
Во Викторија беа евидентирани повеќе од 73 проценти од вкупниот број заразени и 19 проценти од смртните случаи во Австралија.
Во земјата од почетокот на пандемијата се пријавени повеќе од 27.800 случаи и 907 смртни случаи.
Како и другите авиокомпании во светот, Јуантас скрати 8.500 работни места и приземји над 200 авиони поради драматичен пад на сообраќајот предизвикан од корона-кризата.