МЗТ ја одбрани титулата

Од:

Koшаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија шампионска победа во Гевгелија каде го совладаа Кожуф со 93-89 и на импресивен начин ја заверија втората шампионска титула во домашното првенство.

Своја вечер повторно имаше црногорецот Борис Бакиќ кој со неверојатни 16 поени во последната четвртина од кои 4 тројки обезбеди пресврт и ја сврте двоцифрена предност (78:68) за домаќинот на нецели четири минути до крајот во нова победа.

Особено драгоцена беше последната тројка на 31 секунда до крајот го сврте резултатот во полза на МЗТ, погодувајќи за 86:84.

Пред да ја направи петтата лична грешка, тој успеа да запише вкупно 18 поени, три скока и две асистенции.

Во тие моменти дојде до израз искуството на „штрковите“ со зачувување на предноста во пенал-завршницата за ново аеродромско славје едноподруго по триумфот во Купот на Македонија минатиот месец.

Слободан Божовиќ од Кожув со 24 коша беше најефикасен играч на средбата, два повеќе од соиграчот Миладин Пековиќ. Кај гостите од Скопје се издвои Дамјан Стојановски со 21 поен.

Натпреварот беше во прекин половина час заради отстранување на публиката од салата „26 април“ поради фрлање предмети на теренот во 34. минута.

Крилниот центар на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Чековски, го доби признанието за МВП играч на финалната серија од кошаркарскиот плејоф-оф

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ