Раководството на кошаркарскиот Еврокуп официјално објави одложување на три натпревари од 6. коло во регуларниот дел од сезоната поради коронавирусот.
Натпреварот Бреша – Будуќност (првично закажан за 3 ноември) е одложен по барање на црногорскиот клуб.
Средбата Виртус – Лиеткабелис (првично закажана за 4 ноември) е одложена по барање на литванскиот клуб.
Дуелот Монако – Андора (првично закажан за 4 ноември) е одложен по барање на шпанскиот клуб.