Тензично изборно собрание на МОК – Даниел Димевски доаѓа на местото на Тупурковски, кој си оди по 28 години

Од:

Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место.

Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.

Меѓу нив беше и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова која беше вториот кандидат за претседателската функција.

Од оние 32 кои останаа во салата, 30 гласаа за поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација.

Делегатите го избраа Тупурковски за почесен претседател на МОК, додека поранешниот македонски репрезентативец е избран за нов член.

Даниел Димевски е поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, а тој ја извршуваше и функциојата надворешен советник од областа на спортот на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

(ВИДЕО) Борко ќе го тужи МОК во Лозана: Сите криминали на Даниел Димевски ги имам во црвена папка

A1on

„Допрва ќе плачете криминалци“ – Жестока реакција на Борко по суспензијата

Катерина Ѓуровски

Македонски Олимписки Комитет го суспендираше Борко Ристовски на четири години

Катерина Ѓуровски