(ВИДЕО) Борко ќе го тужи МОК во Лозана: Сите криминали на Даниел Димевски ги имам во црвена папка

Од:

Голманот на ракометниот првак Вардар, Борко Ристовски ќе го тужи Македонскиот олимписки комитет поради суспензијата од четири години која му ја изрече претседателот на МОК, Даниел Димевски поради критиките дадени во ТВ емисија за првиот човек на комитетот.

„Одлучив да го тужиме МОК во Лозана до Меѓународниот суд за спортска арбитража, а паричната казна која би можел да ја добијам е од 180.000 до 200.000 евра. Половина од парите ќе ги донирам за ракометниот куб, половина за фудбалскиот клуб Вардар. Ова не го правам за мене, туку затоа што го сакам спортот и работите да ги поставиме на здрави нозе“, рече Борко Ристовски на прес-конференцијата.

Тој денес го добил образложението за суспензијата од четири години на домашна адреса и смета дека тоа е игра на Даниел Димевски затоа што рокот за жалба од осум дена е истечен.

– Тоа е игра на Димевски. Малку се прецени тој, не знам со кого си имал работа досега, но со Борко кој јас го познавам од мали нозе, тој не си имал работа. Секој нормален правник знае дека оваа одлука е смешна и верувам дека РФМ ќе ми дозволи да играм. Жал ми е што МОК го вовлече во ова, тоа е институција која треба да не обединува, а не да не разединува.

Многу сум среќен што во меѓувреме добивме документи од страна на многу институции за можни сторени кривични дела од страна на Даниел Димевски. Ќе упатам апел до државниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, до Антикорупциска, да им ги дадам сите документи кои ги имам во оваа црвена папка. Конечно е време да стави крај на оваа олимписка лакрдија“, рече Ристовски.

Неговите адвокати рекоа дека многу спортски федерации ги контактирале и очекуваат дека наскоро ќе се состанат и сите да си го постават прашањето дали Даниел Димевски заслужува да биде во спортот со оглед на бројните кривични дела кои наводно ги сторил тој.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

Орце Костов

„Допрва ќе плачете криминалци“ – Жестока реакција на Борко по суспензијата

Катерина Ѓуровски

Македонски Олимписки Комитет го суспендираше Борко Ристовски на четири години

Катерина Ѓуровски

Тензично изборно собрание на МОК – Даниел Димевски доаѓа на местото на Тупурковски, кој си оди по 28 години

Жарко Настоски

Борко Ристовски го одведе Вардар во финалето на СЕХА

Жарко Настоски