Лидерот на Сојузот на Ромите и долгогодишен пратеник, Амди Бајрам, сепак нема да биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел, туку на парцела во муслиманскиот дел од гробиштата, појасни денеска АД Бутел.
Партијата на Бајрам претходно соопшти дека закопот на Бајрам во Алејата на великаните, што предизвика многу реакции на социјалните мрежи.
Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст во Клиниката „Жан Митрев“, официјално од кардиоваскуларни компликации, а Министерството за здравство подоцна соопшти дека по смртта било утврдено дека тој бил позитивен на коронавирусот.