(ВИДЕО) Амди се налути: Не можам да дојдам до збор, да се бришам од пратеник

Од:

Пратеникот Амди Бајрам, се налути на пратениците бидејќи како што тврдеше две седници по ред не можел да постави прашање, на седниците предвидени за патенички прашања.

Обвини дека го дискриминираат затоа што е Ром и праша дали требало да даде оставка од пратеник.

„Ова не е фер што го правите. И јас сум пратеник, народот ме избрал, или ја не сум важен зашто сум Ром? Сите ве почитувам, па дај бидете хуманитарни. Покажете се и дајте ми да дојдам на ред. Две седници не можам да поставам прашање од моите Роми за случувањата во Шутка. Како да не постојам, тогаш ајде ќе се бришам од пратеник и готово“, рече разочараниот Бајрам на седницата за прартенички прашања.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова