СЕФ: Роботите ќе значат 85 милиони работни места помалку за пет години

Од:

Роботите ќе доведат до губење на 85 милиони работни места за луѓето во средни и големи компании наредните пет години, а пандемијата на коронавирусот ќе ги забрза промените на пазарот на трудот и ќе ги зголеми нееднаквостите, се вели во новиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажа дека во четири од пет фирми, се забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примена на нови технологии. Со тоа пак, се поништуваат придобивките од вработувањата постигнати по финансиската криза од 2007 – 2008 година.

– Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината во однос на работата, смета директорот на СЕФ, Садија Захиди.

За да ги задржат своите работни места, работниците следниве пет години ќе мора да научат нови вештини, бидејќи до 2025 година, работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во документот.

Општо, се проценува дека создавањето работни места забавува, а затворањето се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе ја користат технологијата наместо луѓе.

Добрата вест е дека 97 милиони нови работни места ќе бидат отворени во некои области и дека човекот ќе ја задржи својата компаративна предност на нивоата на управување и донесување одлуки, на пр. во областа на зелената економија или вештачката интелигенција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Претставени девет човеколики роботи: Нема да правиме востание против луѓето

Катерина Ѓуровски

Во Белград почнаа со роботи за достава-квадратна кутија се движи низ главниот град

Предраг Петровиќ

Американските компании ги заменуваат работниците со роботи

А1он

Револуционерни роботи-земјоделци во Калифорнија

Ана Ололовска

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Австрија бара етички да се регулира користењето роботи-убијци на бојното поле

Жарко Настоски